Сошиено срце
Автор:
Карол Мартинез
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Le cœur cousu |
Бр. на страни:
438 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Магична приказна за едно тајно знаење кое со векови се пренесува од мајка на ќерка. Младата жена која ќе биде посветена во тајната открива во старото ковчеже посебен дар, но и чудесна способност пресудна за нејзиниот живот. Фраскита Караско добива прибор за шиење и конци со дотогаш невидени бои, со кои создава чуда. Таа умее сè да сошие, сè да закрпи, па дури и раздвоената душа. Но исплашени од убавината што ја гледаат а не ја разбираат, селаните ја исмеваат младата Фраскита и го претвораат нејзиниот дар во проклетство. А кога нејзиниот збудален маж во борба со петли ги губи и куќата, и земјата, па дури и неа самата и нејзиниот сон, таа го напушта селото и тргнува во светот кој никогаш дотогаш не го видела. Прокоцканата жена и нејзините пет необични деца поминуваат долга голгота – преку морето и пустината, до едно мало арапско гратче во кое Фраскита ќе ги проживее последните денови од животот. Тука таа ги шие последните венчаници – за своите ќерки, и им ги пренесува во наследство сите тајни приказни, рецепти, молитви и проклетства. „Прониклив, мрачен и надреален“. Чикаго трибјун
Оценки
Сѐ уште нема оценки.