Градот
Автор:
Конрад Рихтер
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
The town |
Бр. на страни:
420 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Третирајќи ја темата на промената и соочувањето со неа, овој роман се фокусира на драматичните промени на градот и областа што го следат брзиот индустриски развој. Секој од ликовите во оваа приказна има свој начин на прифаќање или одбивање на развојот и свое гледиште на промените. Карактеристично за овој роман е употребата на специфичниот историски говор на кој зборувале првите доселеници на почетокот од деветнаесеттиот век, за што Рихтер спровел обемно истражување. Со анализа на стари ракописи, писма и записи од крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, тој успеал да постигне високо ниво на автентичност на јазикот што одамна веќе не постои. Употребата на овој дијалект е внимателно изведена и како што се одвива напредокот, односно како што поминува времето, така и ликовите растат и се образуваат, а јазикот ги напушта старите форми. Сепак, крајот на романот завршува со интимните мисли на Сејвард, изразени на типичниот „пионерски“ дијалект.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.