Лет со умот кон папокот на универзумот
Автор:
Љубомир Грбевски
Издавач:
Дирекција за култура и уметност |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Лет со умот кон папокот на универзумот : (бајки несолени за мали и за големи) |
Бр. на страни:
172 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Книгата содржи три драмски новобајковни текста за деца и за тинејџери „Лет со умот кон папокот на универзумот“ (пиеса што ѝ го позајмува името на целата книга), „Здодевна бајка“ и „Шумско востание“ (една бајковидна басна) кои се пишувани во стихови со комедиографски перформанси. Станува збор за пародирани и деконструирани класични бајки и одново конструирани и стокмени со нов наратив и со современ сленг јазик на „новите клинци“. По неговата претходна книга „Бајки тралалајки - за урбани клици и напредни мајки“ која содржи шест драмски текста, ова писание е некакво логично продолжение на истиот волшебен свет на принцезите, витезите, кралевите и кралиците, џиновите, змејовите, џуџињата и маѓосниците како и многу други чудни надреални и фантастични суштества во едено анахроно окружвање на новите технолошки „чудесии“ - мобилни телефони, таблети и сл. кое го таргетира овој автор. Авторот ја следи премисата дека бајката всушност е сон, а дека сонот е поубавата половина од реалноста при тоа надградувајќи ја со сите можни свиоци и кон неубавите соништа (кошмари) кои се рефлексија на нашето катадневно живеење...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.