Најдоброто за сите

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Nejlepší pro všechny | Бр. на страни: 310 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Ако не знаеме да бидеме среќни, како можеме да знаеме што е најдобро за другите? Виктор има десет години. Тој е разгалено и проблематично дете, кое живее во Прага со својата мајка Хана, театарска актерка. Кога еден ден мајка му добива понуда да снима серија на другиот крај на земјата, го испраќа синот кај својата мајка, без оглед на неговиот отпор. Чувствувајќи се измамен и изневерен, тој е уште потажен покрај доминантната баба, која вели дека има јасна идеја како треба да изгледаат животите на Виктор и на неговата мајка. Дали сите го сакаат најдоброто едни за други? Книжевен пресек на силата на семејните односи и искуства. Книжевен пресек на едно дете во време кога ја сфаќа својата беспомошност во светот на возрасните. А тука е и немоќта на возрасните пред сопствените идеи за среќа. Интересно, една од најважните случки што ќе ги доживее Виктор е, всушност, носечката приказна на книгата за деца од Петра Соукупова, „Кој ми го убил кучето?“

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Најдоброто за сите

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-373-8

Questions and Answers

You are not logged in