20%
Девојката што требаше да умре
Автор:
Давид Лагеркранц
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Hon som måste dö |
Бр. на страни:
334 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Последниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер. Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека кочнечно одлучила да стане ловец, а не плен. Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлет против шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист? Девојката што требаше да умре открива политички скандали на највисоко ниво и меѓународни игри на моќ, со говор на омраза, лажни вести и една стара експедиција на Монт Еверест. Трагајќи по одговорите, во момент на необјасниво саможртвување, Блумквист ќе ѝ овозможи на Лизбет да се соочи со најважната битка во нејзиниот живот и конечно да расчисти со минатото. „Неверојатен трилер со многу акција во кој се испреплетуваат заговор, шпионажа и мистерија со кои се обвиени неколкуте убиства – неверојатен спој што ќе ги збудали обожавателите на Саландер.“ Вол стрит џурнал
Оценки
Сѐ уште нема оценки.