Пандемија: Ковид-19 го тресе светот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Pandemic! : Covid-19 shakes the world | Бр. на страни: 110 | Димензии: 21 | Корица: мека

Некои го сметаат за „најопасниот филозоф на Западот“. Славој Жижек е современ словенечки професор, критичар, самодеклариран „комунист во смисла на квалификации“, „радикален левичар“ и „христијански материјалист“ кој со еднаква страст зборува и за Хегел и за Бетмен. И покрај тоа што има напишано многу книги, најпознат е по неговите јавни настапи и предавања, чијашто популарност го етаблира како еден од најпознатите мислители на денешнината. Вели дека сите ние сите сме толку длабоко вградени во капитализмот, што не можеме да му побегнеме дури ни на сон. Како што пандемијата го обиколува светот, Жижек на изненадувачки јасен и лесно читлив начин ни го открива нејзиното подлабоко значење, притоа презентирајќи парадокси што воодушевуваат, а можните последици по светот се претставени толку јасно, што читателот ќе го облее пот. Живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови. Владите кои до вчера систематски кратеа од фондовите за инфраструктура, здравство и образование – преку ноќ наоѓаат илјадници милијарди. Тоалетната хартија станува вредна и барана стока, а до вчера славните пејачи и глумци тонат во безначајност. Кој е можниот излез? Дури и ако одговорот не ви се допадне – како што нè уверува Жижек – неговата нужност се наметнува. Ова е само генерална проба за огромните промени што следуваат допрва. 110Оваа извонредна мала книга гарантирано ќе ве направи многу поупатени во тековната криза и ќе ви овозможи да ја гледате надвор од површноста и лажливоста на секојдневната медиумска какофонија.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Пандемија: Ковид-19 го тресе светот

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-867-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пандемија: Ковид-19 го тресе светот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in