Мојата сестра, сериски убиец
Автор:
Ојинкан Брејтвејт
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
My Sister, the Serial Killer |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
мека
Три убиства веќе те прават сериски убиец. Или не? Кореде е огорчена. И, како да не биде?! Нејзината сестра Ајола е многу нешта: омиленото дете, најубавата ќерка, но веројатно и – социопат. Кога вечерата на Кореде е прекината од вознемирувачкиот повик на сестра ѝ Ајола, таа знае што се очекува од неа: белило, гумени ракавици, нерви од челик и силен стомак. Ова ќе биде третото момче на Ајола по ред – „убиено во самоодбрана“ и со тоа официјално трета збрка што нејзината сестра треба да ја расчисти. Кореде веројатно би требало да оди во полиција, но… ја сака својата сестра и, како што велат: семејството секогаш на прво место. Морничав трилер преполн со црн хумор и сатира, приказна за љубовта, но и остра критика на семејните односи во современото општество. Оваа книга за рекордно брзо време се искачи на сите читателски топ-листи. Беше и на пошироката листа на номинации за Букеровата награда за 2019 и финалист на Women’s Prize 2019.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.