Скриени желби, немирни патувања (II издание)

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 192 | Димензии: 13×20 | Корица: мека

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани. Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив. Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето. Награда „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2020 година Македонски кандидат за наградата „Балканика“ за 2020 година Македонски кандидат за наградата за литература на Европската Унија (EUPL) за 2022 година Награда Автор на годината на Македонската асоцијација на издавачи за 2022 година

Цена: 350 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Скриени желби, немирни патувања (II издание)

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-559-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Скриени желби, немирни патувања (II издание)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in