За тоа ли беше сè?

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Евтим Евтимов | Бр. на страни: 220 | Димензии: 21 | Корица: /

Дејството во романот „За тоа ли беше сè?о" од Евтим Евтимов е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората светска војна, карактеристичен за источноевроп¬ските земји во тој период, и ја разобличува репресивноста на тој режим, којашто во осумдесеттите години, пред залезот на режимот во времето на Тодор Живков, ќе ја почувствува и авторот на романот. Според темата, филозофско-етичкиот пристап и пораките кои се искажани – тоа е, пред сè, роман со наднационални вредности и со универзален простор и универзално време, роман за доброто и злото, за судбината на човекот, за предавствата што ги вршат луѓе спрема своите блиски и спрема себеси, за компромисите поради користољубие, за цената за купување кариера, за изневерените мечти и идеали, за кругот на времето и на животот и на човечките судбини. Заснован врз ужасни вистински настани, но богат со метафори и слики, романот претставува филозофско-етички и естетски трактат за пресвртите во историјата и во животот на човекот. Исти луѓе во исти ситуации си ги менуваат местата – жертвите стануваат џелати, а џелатите жртви. И едните и другите се во маѓепсан круг на човечката превртливост и злоба. На крајот на романот е објавен и поговор од литературниот критичар и издавач Пламен Тотев, кој го објаснува контекстот во којшто се одвива дејството, но и мотивите на Евтимов да го напише ова дело.

Цена: 150 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product За тоа ли беше сè?

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-144-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “За тоа ли беше сè?”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in