Пагански времиња

Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Пагански времиња | Бр. на страни: 326 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Колебливоста, несигурноста, сомнежот се типични за оној што мисли. И панично редиш, ги листаш во мислите книгите што можеби го имаат одговорот, а потоа како мевлем на рана, се смируваш со мудроста. „Само нечитачите, оние што малку знаат, се сигурни!“ Извадок: Си оделе така пеш, уморни од едноличната работа, Чумата, Треската, Колерата и Смртта по завеаниот пат од селото Кучевиште до населбата Бродец над Скопје, и, за чудо, веднаш, без многу перипетии и други ујдурми, стигнале до целта. Како, не знам, зашто првин никој не оди по овој пат зиме, во ноември, по вртоломот на Митровден, кога ќе падне, како што се вели, снег до колена, а ноќта спроти денот кога започнува зимата е најдолга, денот најкус и најмрачен; и второ, никој тогаш не ни помислува да тргне нагоре, зашто цело време на угорницава, од густата дабова и букова шума демнат и завиваат и повтат да те истурат глутниците настрвени и гладни волци. Со нормално одење пешки, лете, кога нема снег или незгодни кашканици на асфалтот, од црквата Свети Спас во селото Кучевиште горе до Бродец или од селото Радишани преку Побожје и обителот Света Богородица, има најмалку еден час одење на нозе, но зиме, ако некој воопшто се осмели да пешачи по снегот, му требаат најмалку еден час само по ридот до над Побожје и манастирот погоре опкружен со конаци и црква внатре, а оттаму до Бродец уште најмалку еден час! Може ќе прашате што барале таму суштествата по гадното невреме? Дали посакале, застанати горе на ветрот, од овие височини под врвот Рамне на Скопска Црна Гора, да го погледаат, колку да им помине времето, сивиот и загаден, главен град на Република Македонија или дошле да ги видат многуте цркви и манастири од четиринаесеттиот век што ги има во сите села на Скопскоцрногорието и го оправдуваат името на целата област, Скопска Света Гора, изградени од српските кралеви по урнек на Света Гора на полуостровот Атос во Грција? Или пак, што е сосема можно, друга тајна задача им беше дал Семоќниот што им ја шепнал на уво за никој од потчинетите да не чуе.Тие молчешкум, неми како риби, што би се рекло, ја примиле наредбата, слегле на земјата и веднаш, ни пет ни шест, тргнале да ја исполнат задачава. Се разбира, потајно, зад грб, секако, малограѓаните на небо и истите такви на земја, штом Господ не рекол јавно зошто ги испраќа недугавиве на земјата, верувале дека Он ги испратил по Негова работа, оние на небото по земска, а оние на земјата по небесна, само што заповедите сега ги дал посредно, метафорично де, иако работата требало да се заврши веднаш, без никакви тегнења и одолговлекувања! Зошто така правел, односно зошто заповедал посредно, знам ќе прашате. Одговорот е не знам, не е моја работа, Он е Господ, Он го создал сиротиов свет и може да прави со него што ќе му падне на ум, да не бидам прост па да речам што ќе му прдне на памет! Иако заповедта била посредна, демек ти говорам золво, досети се снао, извршувањето требало да биде непосредно, директно де, што на ум тоа на друм! Глупости ќе речете! Но, не биле!Веќе ви реков дека Он бил семоќен и можел да прави што сака со светот и неговото устројство. Не, не бил Он интелигентен, туку само селски лукав!А лукавството, итрината е поопасна од интелигенцијата, бистрината! Во секој случај имал Он доволно вродена памет да им го наметне на простата раја своето, односно она што го барала оваа огромна проста маса од Него!

Цена: 320 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Пагански времиња

Категории: ,
ИСБН: 978-608-228-393-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пагански времиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in