Е, баш ви фала

Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Е, баш ви фала | Бр. на страни: 224 | Димензии: 20 см | Корица: /

РОМАНОТ Е, БАШ ВИ ФАЛА ИЗВЕДУВА СВОЕВИДЕН ДЕСАНТ НА ЦЕЛОКУПНОТО ПОСТЈУГОСЛОВЕНСКО ОПШТЕСТВО. ВО ЕРА НА ГЛОБАЛНА АПАТИЈА И ОПШТО ЧУВСТВО НА БЕЗИЗЛЕЗ, ВИДОЈКОВИЌ НИ ПОМАГА ПОЈАСНО ДА ГИ СОГЛЕДАМЕ И СУДБИНАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА И ВРЕМЕТО ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ. „Во паралелниот универзум на урнебесното, забавното, а сепак и сосем сериозното во романот на Видојковиќ, Југославија никогаш не се распаднала, сите сме богати, здрави и потентни самоуправувачи и баш добро ни оди, а со космичката грешка воскреснатите усташи и четници на кра|от, секако, ќе добијат по носот. Бидејќи се негативци кои доаѓаат од пеколниот свет на распадот и ужасот - значи, од нашата бедна реалност, од најинфериорната верзија на нас самите. Богами, ако пронајдам капија на паралелниот свет од оваа книга, нема повеќе да ме видите овде.“ - Теофил Панчиќ „Замислете живот во кој рутински консумирате обилно mѐnage a trois, па да се најдете во можност - а сите сонуваме за тоа - да го наблњудувате вашиот погреб и да проверите кој дошол а кој мртов ве заобиколил... Или да го видите својот развој во други околности, да имате можност отпосле да го поправите својот избор, личниот или туѓиот, да ја креирате историјата со интервенција како мултидимензиски герилец, како Терминатор, само уште подобро, како херој на социјалистичката револуција! Ако нешто од тоа ве привлекува, престанете да замислувате и земете |а оваа книга во која се остваруваат храбрите желби и мечтаења, сатирично-акцискиот научнофантастичен роман на Марко Видојковиќ, кој мора да стане хит во повеќе димензии и држави.“ - Круно Локотар

Цена: 290 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Е, баш ви фала

Категории: ,
ИСБН: 978-9989-0-1214-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Е, баш ви фала”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in