Светски прваци!
Автор:
Славољуб Станковиќ
Издавач:
Прозарт Паблишинг |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Prvaci sveta! |
Бр. на страни:
183 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
Неколку финалиња на светските првенства во кошарка (1970, 1978, 1990 и 1998) во коишто репрезентацијата на Југославија станува светски шампион, е приказна за „одржливиот“ спорт во државата којашто исчезнува. Овој процес на постоење и исчезнување го следиме низ комбиниран радио пренос на емисијата „Време за спорт и разонода“ со вклучувања на Радио Белград, Загреб, Сараево и Љубљана (со славното: „Загреб, дали се слушаме?“ и со прекините во врските) Светски прваци! е роман со вратоломни и духовити дијалози, итри и остри, коишто како да ја подражаваат брзината и краткоста на кошаркарските акции. Ретко кога зборот може успешно да ја интерпретира сликата. Тоа е тешко дури и за изговорениот збор (во радио-преносот), а камоли напишаниот збор. Во дијалошките мини бравури на Станковиќ, менталитетот на народите и народностите се враќа во живо. Во директните преноси, репрезентацијата на Југославија со бравурозна игра ги „уништува“ и Русите и Американците, а државата се уништува самата себеси; Југославија од врвот (спортот) до дното (општеството). Компониран како омнибус, романот Светски прваци! нуди море од интерпретации, но над сè е омаж за непостоечката земја и нејзините спортски јунаци.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.