Книги наспроти цигари
Автор:
Џорџ Орвел
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Books vs. Cigarettes |
Бр. на страни:
176 |
Димензии:
13х20 cm
|
Корица:
/
Уште повеќе, во девет од десет случаи, единствената објективна вистинска критика би била: „Оваа книга е безвредна“, додека вистината за вистинската реакција на критичарот веројатно би била, „Оваа книга не ме заинтересира на било каков начин и немаше да пишувам за неа доколку не бев платен за тоа“. Но публиката не би платила за да чита такви работи. Еретиците – политички, морални, религиозни или естетски – беа тие кои што одбиваа да ја присилуваат својата сопствена совест. Нивниот поглед на свет може да се резимира во зборовите на Химната на верата за будење: Осмели се да бидеш Даниел Осмели се да стоиш сам Осмели се да имаш цврста цел Осмели се да ја обзнаниш истата. За да направиме оваа химна да звучи модерно ќе треба да додадеме едно „немој“ на почетокот на секој стих. Причина за овој чуден факт на нашето време е тоа што бунтовниците против постоечкиот поредок, во секој случај за повеќето од нив, карактеристично е бунтувањето против идејата за индивидуален интегритет. „Да се осмелиш да стоиш сам“ е идеолошки криминал како и практично опасно. Независноста на писателот или уметникот е изедена од нејасните економски сили, и во исто време е потценета од оние кои што треба да ја бранат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.