На пат кон дома
Автор:
Себастијан Фицек
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Der Heimweg |
Бр. на страни:
360 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Оној кој го знае часот на својата смрт веќе почнал да умира малку по малку…
Сабота е, нешто малку по 22:00 часот. Јулс Танберг е на смена како волонтер во телефонската служба за жени кои бараат смирувачки глас на другиот крај на линијата за да ги придружува додека се враќаат накај дома доцна навечер или каде што се јавуваат во итни случаи. Но досега, ниеден од тие случаи не бил ништо којзнае колку сериозно. Дефинитивно ништо опасно по живот. Сѐ до денес. Сѐ до разговорот на Јулс со Клара.
Младата жена е преплашена. Таа е убедена дека ја следи маж кој веќе ја има нападнато еднаш претходно. Маж кој напишал еден датум на ѕидот во нејзината спална соба, и тоа го напишал со крв. Датумот кога Клара ќе умре. А тој ден доаѓа за помалку од два часа…
Мистериозен, опсесивен, вознемирувачки… ова дефинитивно е најстрашниот психолошки трилер на Фицек досега!
1 оценка за На пат кон дома
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Одличен психо-трилер со неверојатни пресврти и тензични моменти, не се остава
од раце! Вознемирувачка, брутална и мрачна книга која изобилува со детали и описи;
Фицек е мајстор за трилери кои продираат длабоко до човечката психа.