Јужно од границата, западно од сонцето

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Јужно од границата, западно од сонцето | Бр. на страни: 172 | Димензии: 21 см | Корица: /

Приказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се целосно прифатени, Хајиме и Шимамото уште како деца заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. Ќе успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јужно од границата, западно од сонцето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрижните детски денови поминати со Шимамото, преплавен од каење поради пропуштените можности.

Типично во стилот на голем книжевен мајстор, Мураками раскажува како со неколку погрешни одлуки човек може да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не зацелува.

Проникливо и длабоко размислување за човечката ранливост, за моќта на опсесијата, за загатките на еротската мистерија.
Њујорк тајмс

Цена: 380 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Јужно од границата, западно од сонцето

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-753-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Јужно од границата, западно од сонцето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in