Продавница за животни промени

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Le bazar du zèbre à pois | Бр. на страни: 255 | Димензии: 21 см | Корица: /

Роман што буди желба да внесеме повеќе живот во животот и да ја прифатиме иновативната филозофија водилка на зебрата: „смелорноста“.

Три нетипични личности, три електрони со слободни души. Кога ќе им се вкрстат патиштата, поредокот на нештата ќе се измени засекогаш. Полето на можностите се отвора, а хоризонтите се прошируваат. Тие се слеваат еден во друг за да си најдат послободен, поотворен, посреќен пат...

Базил, пронаоѓач, раздвижувач на невроните со несекојдневна генијалност, нè води во еден поетско-уметнички свет што го скокотка умот и поттикнува да скршне од униформното размислување. Отвора „бихевиористичка“ продавница од трет вид: за провокативни предмети што ги будат фантазијата, креативноста и го поттикнуваат отворањето на умот. Џулија, надарен „нос за парфеми“, мечтае да внесе душа во својот занает, а нејзиниот син Артур, бунтовен тинејџер, се труди да си го открие местото во светот во кој припаѓа. Наспроти нив е Лујза Мортеј, уредничката на општинскиот весник која сака по секоја цена да ја затвори чудната продавница.

До каде ќе ги однесе своите ликови? Популарната писателка се враќа во своето најдобро издание – со нов извонреден роман со кој уште еднаш нè изненадува и нè освојува.

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Продавница за животни промени

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-764-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Продавница за животни промени”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in