Куферот на Хана
Автор:
Карен Левин
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Hana's suitcase |
Бр. на страни:
112 |
Димензии:
14/200
|
Корица:
тврда
Пролетта 2000 година, директорката на малиот образовен Центар на холокаустот во Токио, Фумико Ишиока, добива една многу важна пратка за изложбата што ја подготвува. Меѓу другите артефакти испратени од музејот „Аушвиц“, пристигнува и еден празен куфер. На него стои испишано името на сопственичката: Хана Бради, 16 мај 1931, сираче. Децата кои го посетуваат Центарот во Токио, одеднаш имаат прилив од прашања: Која била Хана Бради? Од каде потекнувала? Како изгледала? Како станала сираче? Што ù се случило?
Поттикната од љубопитноста на децата и од сопствената потреба да стигне до одговорите, Фумико се впушта во детективска работа, трагајќи низ светот по делчиња од сложувалката за животот на Хана Бради.
„Куферот на Хана“ од Карен Левин е необична вистинска приказна што ја оживува историјата на холокаустот и има цел да ги образува младите читатели за овој мрачен период кога било извршено едно од најголемите историски злосторства кон еден народ.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.