Прогонетата: Реквием за Линда Б.
Автор:
Исмаил Кадаре
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Requiem për Linda Bf |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
135/200
|
Корица:
/
Додека чека да слушне дали неговиот најнов драмски текст ќе биде одобрен за работа, драматургот Рудијан Стефа е повикан на испрашување од комитетот на Партијата. Девојката Линда Б. е пронајдена мртва, а кај неа е откриен потпишан примерок од неговата последна книга. Тој наскоро дознава дека семејството на Линда, што е под истрага, е прогонето во мало место далеку од главниот град и дека таа извршила самоубиство. Под влијание на параноичниот режим, Рудијан се фаќа себеси во надреална потрага да открие што ù се случило навистина на Линда Б. Низ слоеви од интриги, нејзината приказна се развива постепено: таа била вљубена во Рудијан од далечина и била подготвена да преземе големи ризици за да му се доближи. Тој е обземен од нејзината приказна и вознемирен поради веројатноста дека е виновен за нејзината судбина. „Прогонета: Реквием за Линда Б.“ е првпат објавена на албански јазик во 2009 година, а дејството е сместено меѓу бирократската машинерија на албанската диктатура во периодот од 1945 до 1991 година. Овој роман е зачудувачки и потресен портрет за животот и за љубовта ставени под надзор, исполнет со мит, лут хумор и со апсурдноста на параноичниот режим. Исмаил Кадаре (1936 г.) е најзначајниот албански романсиер, есеист и драмски автор, кој во светската книжевност се прославува со романот „Генералот на мртвата војска“. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Други познати дела му се: „Куклата“ (на македонски јазик објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“), „Палата на соништата“, „Ќерката на Агамемнон“, „Наследникот“ и др.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.