Дебитант
Автор:
Сергеј Лебедев
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Дебютант |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
„Сергеј Лебедев е прекрасен писател, кој поседува две ретки дарби: благороден стил и најпрефинета внатрешна оптика, која му овозможува да ја види и почувствува сета длабочина на антрополошката катастрофа што се случила во Русија во двесетти век. Лебедев успеал да го види она што останало невидливо за повеќето советски и постсоветски писатели.“
(Владимир Сорокин, руски писател)
„Прозата на Лебедев, бившиот геолог, го открива она што е скриено под земјата: внатрешниот живот на минатите генерации, погребан под слоевите на официјалните митови и самозалажување… Чуден дуализам, кој им овозможува на татковците полни со љубов дење да му служат на тиранот, а ноќе грижливо да ги покриваат своите деца со ќебиња.“
(Лук Хардинг, британски писател и новинар) „Книгите на Лебедев се за една историја што како сенка лежи врз сето она за што тој пишува. Ваквиот интензитет на нејзиното присуство зборува за тоа дека конфликтите и контрадикторностите што се втемелени во неа до денешен ден не се разрешени и сè уште влијаат врз руското општество – можеби не толку очигледно, но доволно силно.“
(Карл Уве Кнаусгор, норвешки писател)
Оценки
Сѐ уште нема оценки.