Човекот кој шета книги

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Der buchspazierer | Бр. на страни: 169 | Димензии: 20 | Корица: мека

Многу често во хартијата се крие лекот. Понекогаш дури и за нешта за кои човек не ни знае дека му треба лек. Книжарот Карл Колхоф секоја вечер тргнува по живописните улички на градот за да ги однесе нарачаните книги во домовите на своите најверни читачи. Нивното пријателство е посебно – за него тие се како омилените литературни херои, а за нив тој е незаменлива врска со светот.

Но кога стариот сопственик на книжарницата умира, неговата наследничка го укинува таквиот „старомоден“ начин на работа и Книгошетачот ја губи најголемата радост во животот. Единствено смелоста на едно деветгодишно девојче може да ги охрабри Карл и неговите клиенти одново да го откријат патот еден кон друг и кон моќта на зборот.

Трогателна приказна за она што нè сплотува, проникната со љубов и верба во луѓето. Роман за моќта на пишаниот збор и за она што го прави незаменлив чудесниот свет на книгите.

„Топла приказна што ќе ве освои и ќе ви вдахне доверба. Токму она што е потребно секому кој знае колку важна може да биде една добра книга.“ „Бригите“

Цена: 320 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Човекот кој шета книги

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-858-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Човекот кој шета книги”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in