Сликата на Доријан Греј
Автор:
Оскар Вајлд
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
The picture of Dorian Gray |
Бр. на страни:
184 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
мека
Овој фасцинантно напишан роман во себе го содржи вечниот фаустовски мотив на безусловен „договор со ѓаволот“, со цел да се достигне идеалот на вечната младост и привлечност. Сфаќајќи дека еден ден неговата убавина ќе избледи, Доријан Греј изразува жел- ба да си ја продаде душата во замена за тоа да старее неговиот насликан портрет, а не тој. Желбата му се остварува - тој престанува да старее. Започнува да води распуштен живот, а ефектите од тоа се рефлектираат врз портретот, кој му служи како потсетник за сите зла што ў ги нанесува на сопствената душа. На крајот по- ради немоќта да се соочи со последиците од својот договор, Греј оди во целосна пропаст. Сликата на Доријан Греј е софистициран, но суров роман за постојаната желба на човекот за вечна младост и убавина, роман за несовршеноста на човекот и незапирливиот порив таа несовршеност да се надмине, но и роман за ограничените можности на човечката егзистенција.
1 оценка за Сликата на Доријан Греј
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Маестрален роман!