Перјаница

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Pióropusz | Бр. на страни: 230 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

Романот е добитник на најпрестижна книжевна награда во Полска НИКЕ, за 2011 година. „Перјаница“ е прекрасен роман со необична приказната. Јунакот потекнува од семејство на селски сиромашни луѓе и крадци. Неписмениот татко е затворен поради кражба на таблата во училиштето. Неговиот син (јунакот во романот) и мајка му ја бараат правдата. Парадоксално, но неопходноста за пишување молби кај синот раѓа одреден култ спрема пишаниот збор. Симболичниот подарок од татко му – украдено перо со златно перце – ја одредува неговата подоцнежна судбина. „Перјаница“ е дело напишано со оригинален речник, гротескност и огромна стилска текстуална разновидност. Авторот умешно ги користи своите животни случувања и искуства да исплете автобиографска фабула поврзана со селото и селскиот живот во Полска по Втората светска војна.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Перјаница

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-101-1

Questions and Answers

You are not logged in