Бившиот тапанар
Херман Бриселманс е еден од најпродаваните белгиски писатели. Во неговите книги има многу автобиографски елементи. Алкохолот, сексот, досадата, се теми со кои се занимава во своите дела. Неговата популарност почива и на огромното медиумско експонирање. Имал свое тв-шоу и редовна колумна во весник поради која неколкупати е даван на суд. Поседува свој фудбалски клуб.
Според романот Бившиот тапанар е снимен истоимениот филм од 2007 година. Тројца инвалиди бараат тапанар за учество на музички натпревар и тропнуваат на вратата на ликот кој раскажува. Тој прифаќа и оттогаш почнува историјата на најлошиот рок-состав што кога било свирел во Гент. Книгата е полна со вулгарности, насилност, валкани сцени, бруталности, уметничка ексцентричност, свингери. Од „песни глупави лесни“ до линии кокаин се движи приказната на оваа цинична книга.
„Хуморот е вулгарен ’до даска‘. Ова е дело на болен ум, а веројатно таквите луѓе и најлесно ќе го читаат“.
Хумо, Белгија
1 оценка за Бившиот тапанар
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –