Бившиот тапанар

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Ex-drummer | Num. of pages: 144 | Dimensions: 13х20 | Cover: /

Херман Бриселманс е еден од најпродаваните белгиски писатели. Во неговите книги има многу автобиографски елементи. Алкохолот, сексот, досадата, се теми со кои се занимава во своите дела. Неговата популарност почива и на огромното медиумско експонирање. Имал свое тв-шоу и редовна колумна во весник поради која неколкупати е даван на суд. Поседува свој фудбалски клуб.

 

Според романот Бившиот тапанар е снимен истоимениот филм од 2007 година. Тројца инвалиди бараат тапанар за учество на музички натпревар и тропнуваат на вратата на ликот кој раскажува. Тој прифаќа и оттогаш почнува историјата на најлошиот рок-состав што кога било свирел во Гент. Книгата е полна со вулгарности, насилност, валкани сцени, бруталности, уметничка ексцентричност, свингери. Од „песни глупави лесни“ до линии кокаин се движи приказната на оваа цинична книга.

 

„Хуморот е вулгарен ’до даска. Ова е дело на болен ум, а веројатно таквите луѓе и најлесно ќе го читаат“.

Хумо, Белгија

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Бившиот тапанар

Category:
SKU: 978-608-243-029-4

1 review for Бившиот тапанар

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in