Во весниците пишува сè… (а нешто и не)

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Sve piše u novinama (...a ponešto i ne) | Бр. на страни: 470 | Димензии: 205x145 | Корица: мека

На 10 октомври 1990 година, пред невладината Комисија за човекови права, едно петнасетгодишно девојче од Кувајт сведочи дека ирачките војници ги ваделе новороденчињата од инкубаторите и потоа ги оставале да умрат. Само во текот на следната недела, Џорџ Буш ја повторува приказната барем десет пати; американското јавно мислење за воена интервенција во Кувајт се менува преку ноќ. САД се вмешува во Ирачко-Кувајтскиот судир и почнува Заливската војна.
Во 1992 година се открива дека сведокот е, всушност, ќерка на кувајтскиот амбасадор во САД. Последиците од нејзиното ненавремено разоткривање: САД добива контрола врз кувајтските нафтени полиња, а Американците убиваат на ден повеќе бебиња отколку Ирачаните во текот на целиот судир. И да: Комисијата за човекови права сè уште е битен политички фактор.
Оваа книга се труди навреме да разоткрие и многу поголеми светски заговори од овој. За да се избегнат вакви последици. Повеќето од приказните во неа веќе ги имате прочитано. И мислите дека знаете сè. Сигурни сте?
Крешимир Мишак, познатиот хрватски новинар и идеен творец на исклучително
популарното шоу „На работ на науката“ (Na rubu znanosti), не мисли така. „Во
весниците пишува сè“, вели. „Но потребно е да ги прочитате со вистинските очила.“

Цена: 500 ден

29 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Во весниците пишува сè… (а нешто и не)

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-710-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во весниците пишува сè… (а нешто и не)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in