Габриела, каранфилче и цимет
Автор:
Жорже Амадо
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Gabriela, cravo e canela |
Бр. на страни:
480 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
мека
Најпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото во бразилската провинција Баија, кога недоразбирањата се решавале со пиштоли, а од мажот кој е изневерен се очекувало да ја исчисти својата чест со убивање на прељубничката и нејзиниот љубовник. Оваа хроника на еден град, на една страст, омаж на богатата бразилска култура, роман замислен и како химна на сензуалноста на тамошните жители, посебно на жените, во последните неколку децении доживеа огромен број на изданија и филмски екранизации. Секое од поглавјата почнува со песна посветена на една жена, а, заговарајќи ја женската слобода, особено сексуалната, Амадо ја шокирал и разгневил тогашната бразилска јавност. Бесот со времето исчезнал, а книгата станала еден од омилените бразилски романи на 20 век. Иако бил употребен како основа за сапуници, го задржува раскажувачкото мајсторство. „Волшебен и романтичен роман...“ Атлантик Мантли „Возбудлива книга од најпопуларниот бразилски класик, еден од најголемите писатели, не само во латиноамерикански, туку и во светски рамки. Вистинска книжевна посластица“. Њујорк Тајмс „Чарлс Дикенс на XX-иот век“. Нејшн „Секоја страница, исполнета со мирисите, со звуците, со боите на бразилското поднебје, ја слави радоста на животот и нескротливата сензуалност на ликовите од овој голем роман“. Тања Тарбук
Questions and Answers
You are not logged in