Габриела, каранфилче и цимет

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Gabriela, cravo e canela | Num. of pages: 480 | Dimensions: 13х20 | Cover: мека

Најпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото во бразилската провинција Баија, кога недоразбирањата се решавале со пиштоли, а од мажот кој е изневерен се очекувало да ја исчисти својата чест со убивање на прељубничката и нејзиниот љубовник.   Оваа хроника на еден град, на една страст, омаж на богатата бразилска култура, роман замислен и како химна на сензуалноста на тамошните жители, посебно на жените, во последните неколку децении доживеа огромен број на изданија и филмски екранизации.   Секое од поглавјата почнува со песна посветена на една жена, а, заговарајќи ја женската слобода, особено сексуалната, Амадо ја шокирал и разгневил тогашната бразилска јавност. Бесот со времето исчезнал, а книгата станала еден од омилените бразилски романи на 20 век. Иако бил употребен како основа за сапуници, го задржува раскажувачкото мајсторство.   „Волшебен и романтичен роман...“ Атлантик Мантли „Возбудлива книга од најпопуларниот бразилски класик, еден од најголемите писатели, не само во латиноамерикански, туку и во светски рамки. Вистинска книжевна посластица“. Њујорк Тајмс   „Чарлс Дикенс на XX-иот век“. Нејшн   „Секоја страница, исполнета со мирисите, со звуците, со боите на бразилското поднебје, ја слави радоста на животот и нескротливата сензуалност на ликовите од овој голем роман“. Тања Тарбук  
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 400 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Габриела, каранфилче и цимет

Category:
SKU: 978-608-243-034-8

Questions and Answers

You are not logged in