ЗЕЛЕНИ ЈАБОЛКА
Назим Хикмет е еден од најпознатите турски писатели. Неговите книги се преведени на повеќе од педесет јазици.
Книгоиздателството Бата прес објавува седум тома од избраните дела од Назим Хикмет, а претходно, како посебни изданија ги обjави драмата „Ферхад и Ширин“ (Ferhad ile Şirin), во превод на Асуде Абдул Кочан и поетската книга „Последни песни“ (Son Şiirleri), во препев на Марија Леонтиќ.
Првиот том од избраните дела, романот „Крвта не е ништо“, (Kan Konuşmaz) го преведе Асуде Абдул Кочан.
Вториот том, под наслов „Националноослободителната борба“ (Kuvâyi Milliye) го препеа Нејат Селман. Во овој том се поместени и стихозбирките „Песни напишани за Пираје - меѓу 21 и 22 часот“ (Piraye Için Yazılmış Saat 21-22 şiirleri), „Од четирите затвори“ (Dört Hapishaneden) и „Рубаи“ (Rubailer), исто така во препев на Нејат Селман.
Третиот том е насловен „Зошто се самоуби Бенерџи“, (Benerci Kendini Niçin Öldürdü?) според истоимената поема поместена внатре во книгата, а ја преведе Фахри Али. Во третата книга се поместени и стихозбирките „Телеграмата што пристигна ноќе (Gece Gelen Telgraf) „Портрети“(Portreler), Писма до Таранта Бабу (Taranta Babu'ya Mektuplar), Еп за шеикот Бедредин, синот на кадијата од Симавне (Simavne Kadısı Oğlu Şeyh Bedreddin Destanı).
Стиховите во четвртиот том под наслов „Лежи во калето во Бурса“ (Yatar Bursa Kalesinde) ги препеа Дрита Карахасан.
Во петтиот том под наслов „Приказни, раскази, хроники, анегдоти“ (Masallar hikayeler 1) се поместени текстови што ги објавувал Назим Хикмет во весниците и списанијата во Турција меѓу двете светски војни. Автор на преводот е Дрита Карахасан.
Шестиот том во кој се поместени пет избрани драми од Назим Хикмет, носи наслов Јусуф и Менофис (Јusuf ile Мenofis). Автор на преводот е Дрита Карахасан, а во овој том покрај насловната драма се поместени и драмските текстови „Човештината не умре“ (İnsanlık Ölmedi ya), „Слатки сoништа“ (Allah Rahatlık Versin). Кога се уриваат домовите (Evler Yıkılınca) и Дали Иван Иванович постоеше или не? (İvan İvanoviç Var mıydı Yok muydu?).
Во овој, седми и последен том од избраните дела ги објавуваме романите „Зелени јаболка“ (Yeşil Elmalar) и „Право на живот“ (Yaşamak Hakkı). Овие дела ги преведе Ајсан Есад.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.