Што да сторам кога сè гори?
Автор:
Антонио Лобо Антунес
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Que Farei Quando Tudo Arde? |
Бр. на страни:
528 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Лобо Антунес навлегува во непознатиот свет на трансвеститите, хомосексуалноста, дрогите и алкохолот за да ни ја раскаже приказната на едно семејство полно со конфликти, и тоа преку сеќавањата на Пауло, момче што растело под туторството на таткото-трансвестит и мајката-алкохоличарка. Неговиот живот се одвива на улиците на еден сиромашен кварт во Лисабон, каде што ја набавува дрогата што му помага да избега од реалноста и од психијатрискиот центар каде што лекарите се обидуваат да го вратат во живот. Насловот на книгата е стих од ренесансниот поет Са де Миранда, што во денешно време се чини најактуелен досега. Антунес вели дека по овој роман има желба да напише само уште две книги. „Фасцинантно патување во опасните подрачја на свеста, каде што се пресретнуваат чувствата и разумот“. Зидојче цајтунг
Questions and Answers
You are not logged in