Приказни од поранешните
Автор:
Димитар Пандев
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
Приказни од поранешните |
Бр. на страни:
176 |
Димензии:
120х170
|
Корица:
/
„Приказни од поранешните“ е составена од 13 раскази, поделени во три циклуси („Влегување во приказните“, „Меѓу приказните“ и „Излегување од приказните“).„Приказни од поранешните“ е мала по обем збирка составена од раскази создавани како авторска проекција на искажувањата на постари раскажувачи и од приказни кои се резултат на авторовиот животен опит и неговото набљудување на стварноста во одделни пресудни периоди од блиското минато. Во книгата се преплетуваат настани и симболи од дамнешното минато, но и од неодамна изминатите времиња. Расказите, всушност, претставуваат вовед во приказните, а приказните - поддршка на приказните, па заедно оформуваат единствена композициска целина.Расказите на Димитар Пандев се карактеризираат со висока стилска изразност и со вдахновена и динамична нарација. Според тематската структура, стилската заокруженост и естетските квалификативи претставуваат особено значаен прилог во современата македонска раскажувачка проза и исклучителна провокација читателот. Станува збор за книга раскази која може да се смета за едно од најдобрите остварувања во раскажувачката проза во последниве години во македонската литература.
Questions and Answers
You are not logged in