101 Рејкјавик
Автор:
Халгримур Хелгасон
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
101 Reykjavik |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
/
Искористете го попустот од 12% на само 7 дена во пред продажба!Еден од најоткачените бестселери конечно и на македонски. 101 Рејкјавик е како да кажеш 1000 Скопје, поштенскиот код на главниот град е синоним за менталитетот на еден крајно откачен лик во една од најосамените европски држави. Но ликот на Хлинур Бјорн од студениот Исланд ќе ве стопли од смеа и провокативност. Има 30 години и не може да најде работа, па сè уште живее со разведената мајка која штотуку му соопштува дека е лезбејка. Деновите ги поминува голтајќи екстази во локалните клубови, висејќи на Интернет, гледајќи порно филмови на ТВ и зјапајќи по сè женско што има две нозе. Нештата да бидат посложени, се затрескува во Лола, девојката на мајка си, иако во меѓувреме тмурната Хофи, со којашто спиел еднаш-двапати, и самиот не е целосно сигурен, му соопштува дека е бремена. Книгата го открива сè она што мажите најискрено го мислат секој ден а нејќат јавно да го признаат. Приказната е крајно забавна, не само поради финтите на главниот лик со кои е зачинето раскажувањето, туку затоа што Хлинур го раскрива она што поголемиот дел од нас го мислат. Ненадејните испади, чудните изјави се интелигентни, неочекувани, актуелни и примамливи. Набиена бизарности и делови кои влечат да ја читате понатаму, 101 Рејкјавик е отфрлена од досадните критичари но обожавана од читателите од целиот свет.„Прекрасно развратен, понекогаш брилијантен, честопати фрустрирачки.“Sam Lipsyte, The New York Times
Questions and Answers
You are not logged in