Размена на пораки
Автор:
Влада Урошевиќ
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Размена на пораки |
Бр. на страни:
135 |
Димензии:
110x165
|
Корица:
/
Размена на пораки претставува оригинален уметнички експеримент во македон-
ската литература. Нашите двајца угледни писатели, Тања Урошевиќ и Влада Уро-
шевиќ, забележуваат таинствена вила покрај морето што го привлекува нивното
внимание. Потоа се договараат да напишат расказ во кој вилата ќе ја игра главна-
та улога. Резултатот од тоа се два расказа што воспоставуваат дијалог меѓу себе,
истовремено правејќи суптилни релации со книжевните текстови од историјата
на книжевноста што се однесуваат на темата таинствена куќа – Хорас Волпол,
Едгар Алан По, Хенри Џејмс, Хулио Кортасар. Притоа, бидејќи двајцата автори ги
пишуваат своите текстови без да го прочитаат расказот на другиот, возбудата
при читањето произлегува од поклопувањето на мотивите, варијацијата на тема-
та, атмосферата на сличните книжевни ситуации.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.