Елине Вере
Возбудливата, виртуозно раскажана приказна за Елине Вере, се одвива во редовите на богатата буржуазија во Хаг на крајот од деветнаесетиот век. Неизбежноста на судбината ја опфаќа слабата, премногу чувствителна и колеблива Елине, надарена девојка која не е во состојба да се прилагоди на “баналниот живот”. Заради нејзиниот страв од реалноста, таа се губи себеси во сништата, во кои стравот уште поинтензивно й се враќа назад. И судбината бавно но сигурно ја покорува. “Маестрално набљудување на убавината и нелогичностите на романтична љубов.” - Клер Кларк, Times Literary Supplement “Извонредно е тоа што овој холандски писател и денес звучи свежо“ - The New York Review of Books На Коуперус достојно може да се гледа како на холандски одговор на Оскар Вајлд. - Conjunctions
Questions and Answers
You are not logged in