ЈАМБОЛИЈА ШТО ЛАЕ

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: ЈАМБОЛИЈА ШТО ЛАЕ | Бр. на страни: 114 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Книгата е роман сказна, во кој животните зборуваат, а главни ликови се домашни миленици – куче и маче, но и еден пензиониран зообиолог, неговата сопруга, која е учителка, и нивното внуче. Во овој роман-сказна, сѐ се случува меѓу сонот и јавето. Авторот детето го вооружува со фантазија, со ведар творечки дух и со здрава чувствителност. Така ќе може да види и слушне сѐ што прават и зборуваат јунаците од страниците на сказната. И од првата до последната страница – будно ќе сонува необични нешта. Но, сепак, по прочитувањето на последната страница, ќе остане пак со многу прашалници во себе. – Ова е книга заснована на факти за домашните миленици, вели авторот. Кучето го разбира јазикот на човекот, но човекот не може да зборува на неговиот „јазик“. Ако овие животни почнат да зборуваат меѓу себе и да комуницираат, тогаш и кучето ќе го изгубиме како пријател. Човекот, на пример, може да се однесува како животно, за разлика од кучето, кое е животно. Кај кучето постојат сите чувства што ги има и кај човекот, како што се: љубов, бес, страв, верност... Сето тоа е опишано во книгата и токму затоа ова е роман во кој се опишува менталниот склоп на кучињата, мачките, птиците... 
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product ЈАМБОЛИЈА ШТО ЛАЕ

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-001-8

Questions and Answers

You are not logged in