Сенки
„Е.А. По, Кафка и Гогољ би биле воодушевени од италијанската зона на самракот што ја создал Ландолфи“.
Њујорк Тајмс
Кратките раскази собрани во збирката пред нас се напишани во временски лак од триесетина години, со почеток во 1935 година. Ова е обид да се доловат разноликоста и неповторливоста во опусот книжевни теми и форми на Ландолфи, како и да се истакнат најоригиналните исчекори во фантастичниот расказ од неговото творештво. Карактеристично е присуството на елементи од готскиот роман, како и на гротескни тонови што често еволуираат во комичност. Ландолфи ја оживува таквата атмосфера, не само преку умешната игра со мотивите својствени за приказните со духови и со привиденија туку и преку превезот на античност со кој го обвива раскажувањето, инсистирајќи на архаични конструкции, секогаш во духот на иронијата и на пародијата.
Специјално за македонското издание предговор напиша лично синот на големиот италијански мајстор на раскажувањето.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.