ПРИКАЗНАТА ЗА ГЕНЏИ
Автор:
Мурасаки Шикибу
Издавач:
Слово |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
ПРИКАЗНАТА ЗА ГЕНЏИ |
Бр. на страни:
272 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
Прв јапонски, ако не и светски роман, од XI век, преведуван на многу јазици и читан од милионска публика. Јапонскиот нобеловец Јасунари Кавабата го смета овој роман за “врв на јапонската книжевност“. Во својата оценка тој го додава следното: „Ние до денес немаме дело кое би можело да се мери со таа приказна“, укажувајќи на внатрешната структура на тоа дело и на силината со која се оцртуваат ликовите. И Маргерит Јурсенар, големата француска писателка, дели слично мислење. „Никој не успеал да напише нешто подобро ни во една книжевност“, беше изјавила Јурсенар.
Макар што е создаден во древната Јапонија, романот Приказната за Генџи се смета за прв модерен психлошки роман во светот. Иако основната тема е љубовниот живот на принцот, писателката Мурасаки Шикибу сликовито го претставува животот и менталитетот на општеството во јапонската престолнина на тоа време, денешното Кјото, посветувајќи внимание на чувствата на ликовите и на психолошките нијанси во нивните односи. Ликот на Генџи не е историски, иако веројатно е моделиран според вистинска личност. Тој претставува естетски идеал на дворскиот човек: убав, образован и префинет, врвен познавач на литературата, на уметноста, на калиграфијата и на музиката, љубовник по кој лудуваат дворските дами.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.