Абадон, уништувачот
Абадон, уништувачот ја затвора трилогијата започната со Тунел, а следен од Херои и гробови. Развивајќи ја во својот најширок регистар метафората на Извештајот за слепите, овој необичен и длабок роман го вметнува Ернесто Сабато во амбиентот на текстот и го вклучува како лик во една комплексна техничка конструкција, чија игра на перспективи нѐ враќа воедно во реалноста на едно време на апокалипса и на душевните јами во кои нурка визионерската моќ на создателскиот чин. На тој начин, на врвот на својата грандиозност, ова сеопфатно, опширно дело кулминира и ги има во себе сета сабатовска уметност и длабочината на неговото егзистенцијално истражување.
Абадон, уништувачот е награден во Париз како најдобра странска книга објавена во Франција во 1976 година. „Величествено дело, вовед во кралството на демоните што се во нас и надвор од нас.“ Ди велт
„Сабато е импресивен писател.“ Ла стампа
Reviews
There are no reviews yet.