Абадон, уништувачот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Abaddón el exterminador | Бр. на страни: 442 | Димензии: 140/210 | Корица: /

Абадон, уништувачот ја затвора трилогијата започната со Тунел, а следен од Херои и гробови. Развивајќи ја во својот најширок регистар метафората на Извештајот за слепите, овој необичен и длабок роман го вметнува Ернесто Сабато во амбиентот на текстот и го вклучува како лик во една комплексна техничка конструкција, чија игра на перспективи нѐ враќа воедно во реалноста на едно време на апокалипса и на душевните јами во кои нурка визионерската моќ на создателскиот чин. На тој начин, на врвот на својата грандиозност, ова сеопфатно, опширно дело кулминира и ги има во себе сета сабатовска уметност и длабочината на неговото егзистенцијално истражување.

Абадон, уништувачот е награден во Париз како најдобра странска книга објавена во Франција во 1976 година. „Величествено дело, вовед во кралството на демоните што се во нас и надвор од нас.“ Ди велт

„Сабато е импресивен писател.“ Ла стампа

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Абадон, уништувачот

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-416-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Абадон, уништувачот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in