Адам и Евелин
Автор:
Инго Шулце
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Adam und Evelyn |
Бр. на страни:
275 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
/
Доцно лето 1989 година, одмор на Балатон – одненадеж Унгарија ја отвора границата, а забранетиот Запад со сите свои примамливости е на дофат. Во оваа ситуација Инго Шулце го открива митот за Адам и Ева. Од него настанува една голема трагикомедија за Забраната и Спознанието и за потрагата по вистинскиот рај. Извадоци од рецензии: „Дејството на овој роман Шулце го обликува преку брзо проследување на сцените и повеќе промени на местото, а пред сè ги остава своите ликови да зборуваат, зборуваат и повторно да зборуваат. [...] Иднината е веќе започната на крајот од овој роман, во кој е сместено многу повеќе отколку што, заради неговиот лесен начин на раскажување се мисли на прв поглед.“ Gerrit Bartels, Der Tagesspiegel „Еден чудесно читлив и истовремено литературно комплексен роман за повторното соединување на Германија.“ „[...] Двојката од насловот на оваа книга, Адам и Евелин, цитира прамитски ликови, а Шулце повторно не сака да достави пребрз одговор за тоа дали неговите протагонисти дејствуваат правилно или погрешно, туку се обидува литературно да го опфати искуството од нивната обемна недогледна несигурност и да го конзервира за читателот.“ Uwe Wittstock, Die Welt „Адам и Евелин е беспрекорен роман. [...] И покрај тоа што оваа извонредно питко раскажана приказна ќе се прочита набрзина, таа разотвора изобилство од теми и мотиви.“ Ijoma Mangold, Süddeutsche Zeitung „Адам и Евелин е една виртуозна игра со цитати, една трагикомедија за Истокот и Западот, за рајот и гревот.“ „Инго Шулце [...] изнаоѓа дијалози чие стакато, опфаќајќи и по неколку страници, многу подобро ја разоткрива суптилната психологија на времето отколку што тоа би можело да го стори кое било наративно раскажување.“ Paul Jandl, Neue Zürcher Zeitung
Оценки
Сѐ уште нема оценки.