Алекс
Автор:
Пјер Леметр
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
340 |
Димензии:
21x13
|
Корица:
мека
Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки. Но оваа девојка не е обична жртва. И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира. Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови... Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај. А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем. Со освојувањето на престижната награда Dagger за интернационален трилер, судиите рекоа: „Брилијантен трилер, напната трка помеѓу неколку паралелни приказни кои вџашуваат и шокираат кога најпосле се пресретнуваат. Оригинал и напнат крај кој ги надминува очекувањата.“
11 оценки за Алекс
Questions and Answers
You are not logged in
Elena Jovanovska (верификуван корисник) –
Стефф Рашковиќ (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Ова е една од оние книги во кои чувствата за главниот лик се менуваат постојано. Толку се поврзав со Алекс, на почетокот ја бодрев, потоа се каев што сум ја бодрела, за на крај да ми биде жал за неа, за сè што и се случи. И се запрепастив колку само злобни може да бидат луѓето, да немаат трошка милост во себе.Ми се допадна и ликот на Верховен, тоа што не е типичен херој, не е прекрасен маж од кој ќе ни затреперат колената. Баш напротив, прикажан е реално, со вистински проблеми и недостатоци.За крај, каков лик е Алекс! Дефинитивно незаборавен.
Anonymous (верификуван корисник) –
Трајче Витанов (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Книга која се чита во еден здив…Прекрасно преплетени приказни за личностите…И за крај…Морате да ја прочитате .
Кристина Ризова (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Брилијантен трилер прогонува сè до горкиот крај.