View cart “Prava Rebeka” has been added to your cart.
View cart “Teskoba posebnosti” has been added to your cart.
View cart “Закопана вистина” has been added to your cart.

Како да бидеш парижанка, каде и да си: љубов, стил и лоши навики

Author: /
Publisher: КСЦ/Полица | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: How to be Parisian wherever you are : love, style, and bad habits | Num. of pages: 266 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Од четири извонредни и успешни Французинки – конечно – свеж и смел поглед на тоа што значи да се биде парижанка: како се облекуваат, како се забавуваат, како се однесуваат. Во кратки, шеговити делови, овие парижанки ви го претставуваат нивниот оригинален поглед на стилот, културата, однесувањето и мажите. Авторките – Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре и Софи Мас – немажени, кои имаат врска, имаат деца, се пријателки со години. Овие талентирани боемски иконоборци, со кариери во светот на музиката, филмот, модата и издаваштвото, се невообичаено искрени и без влакна на јазикот ги разголуваат митовите за тоа што значи да си Французинка денес. Тие ви допуштаат да влезете во нивните тајни и мани, и се шегуваат за нивните комплицирани, често контрадикторни чувства и однесување. Признаваат дека се снобови, по малку егоцентрични, непредвидливи, но не и непостојани. Сакаат да шефуваат и се самоуверени, но истовремено се нежни и романтични. Ќе ве одведат на прв состанок, на забава, ќе поминете низ мамурлак, ќе одите на некои од омилените „свратилишта“ во Париз, на село, и на една од нивните вечери со совети за готвење што ќе ги прелажат гостите дека тоа било лесно. Излегувањето со нив носи неволји и изненадувања. Ќе ви кажат како да бидете мистериозни и сензуални, како да изгледате природно, како да го направите вашиот партнер љубоморен, и што мислат за деца, брак и за фитнес. И, ќе споделат со вас адреси од места во Париз што треба да ги посетите: пред да заврши ноќта, за роденден, за елегантен состанок, за вредни старински работи и уште многу повеќе. Како да бидеш парижанка, каде и да си ќе ве насмее и, читајќи ја, полека и вие ќе станете парижанки, похрабри, послободни и кул.

Price: 700 ден

6 in stock

Compare
Sold By КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Како да бидеш парижанка, каде и да си: љубов, стил и лоши навики

Category:
SKU: 978-608-4780-43-4

Questions and Answers

You are not logged in