Англискиот пациент

Издавач: / | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: The English patient | Бр. на страни: 278 | Димензии: / | Корица: мека

Англискиот пациент е несекојдневен роман испреплетен со судбините на неколку необични ликови – анонимниот пациент кој изгорел до непрепознатливост паѓајќи во пустината со својот авион, младата медицинска сестра Хана која се грижи за него, канадско-италијанскиот крадец Караваџо, младиот индиски инженерец Кип од Британската војска... Собрани во една стара италијанска вила, откривајќи ги постепено своите животни приказни, тие го чекаат крајот на Втората светска војна... Редејќи ги делчињата од неповрзаното раскажување за пустинските истражувања и за страсната љубов што ја доживува со жената на својот млад пријател, нашите јунаци дознаваат дека Англискиот пациент, всушност, е унгарскиот гроф Ладислав де Алмаши, кој со екипа научници се нафатил да ги картографира неистражените пустински области во северна Африка, каде што сè уште живеат спомените за изгубената оаза Зерзура. Но војната, со својата неумолива жестокост, опустошува сè, вклучувајќи ги и нивните животи... За овој свој роман Мајкл Ондачи ја доби наградата Букер во 1992 година. Во 1996 година Англискиот пациент доживеа филмска адаптација и освои девет Оскари од вкупно 12 номинации.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 400 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Англискиот пациент

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-512-7

1 оценка за Англискиот пациент

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Необична, филозофска, незаборавна.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in