Антихрист
Author:
Фридрих НИЧЕ
Publisher:
Ѓурѓа |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
/ |
Num. of pages:
112 |
Dimensions:
125X200
|
Cover:
/
Оваа книга им припаѓа на најретките. На оние кои имаат силен стремеж кон прашања за кои никој нема храброст да ги постави, храброст за забранетото. Оние кои имаат почит кон себе, љубов кон себе, безусловна лична слобода...Ниче го развива херојскиот животен оптимизам и се објавува против христијан-ството, кое го смета за вера на слабите, немоќните и отфрлените. Тој отворено изјавува дека повеќе би сакал да биде Дионисов сатир отколку христијански светец. Во својот карактеристичен стил, Ниче дава психологија на Спасителот и бара превреднување на сите вредности.
1 review for Антихрист
Questions and Answers
You are not logged in
Aleksandar Joveski (verified owner) –
Ниче во ова дело отворено застанува против христијанството како декадентна религија, која што ја оневозможува личноста активно да се развива и да ги развива своите способности. Тој смета дека со христијанството се држи огромно мнозинство на населението во слепа послушност и се инсистира кон затапување на размислувањата и способностите. Тој успешно се обидува да анализира и критикува повеќе догми од него и записи од светото писмо кои што се апсурдно толкувани.