Антологија на бразилскиот расказ

Author: /
Original title: Антологија на бразилскиот расказ | Num. of pages: 293 | Dimensions: 140х205 | Cover: /

Во оваа прва антологија на бразилскиот расказ објавена на македонски јазик се вклучени великаните на бразилскиот краток расказ, жанр чиј зародиш го дава Мачадо де Асис кон средината на 19. век, а продолжува со некои од најзначајните литературни, па и политички фигури од не толку далечната историја на Бразил. Колонизацијата, угнетувањето и нееднаквостите се најчестите теми што го окупираат бразилското, па и вкупното латиноамериканско творештво во 19. век.
Дваесеттиот век носи крупни промени во веќе независната монархија Бразил, и авторите во книжевното творештво ја истакнуваат тесната врска на бразилската литература со политичката клима во земјата. Триесеттите години на 20. век се одликуваат и со појавата на модернизмот и силните заложби на сите уметници да дадат свој придонес кон приближување на бразилската култура до контекстот на авангардната европска мисла, и токму во тој период се создава првата генерација на вистински независни автори – Жоао Гимараес Роса, Жорже Амадо, Кларис Лиспектор, кои, инспирирани од експерименталните техники на француските и американските творци, почнуваат да го истакнуваат латиноамериканското гледиште во прашања кои имаат универзален карактер.

Price: 280 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Антологија на бразилскиот расказ

Category:
SKU: 978-608-230-099-3

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Антологија на бразилскиот расказ”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in