Архипелагот Гулаг
Author:
Александар Солженицин
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Архипелаг Гулаг |
Num. of pages:
490 |
Dimensions:
140х200
|
Cover:
/
Архипелагот Гулаг не е митско место, не е измислена земја. Тој е систем од затвори, логори, кампови и работнички колонии во кои милиони луѓе ги загубија своите животи. Измислен е само терминот, зашто беше одраз на еден нов феномен – прогонство и уништување на сите кои со збор или постапка се пројавувале против постојниот модел на владеење. Одраз на едно време во кое кажаниот збор можел да биде платен со сопствениот живот. Протестот на Солженицин против тоа владеење е крик на модерното општество, крик против политичкиот, но и против моралниот погром на сите оние кои мислат поинаку.
Архипелагот Гулаг е еден од најдраматичните документи за темната страна на XX век, и затоа има суштинско значење за разбирање не само на руската туку и на светската историја. Тој е сведоштво за страдањата на милиони непознати луѓе, запишан со едно јасно предупредување – дека човекот е способен за најужасни злосторства, спрoведувани со прецизна бирократска доследност. Но ова не е само книга на страдањата туку е и книга на катарзата која се состои во јасната порака на авторот – дека и во најтешките ситуации, човек мора да најде сили за да се крене од прегратките на смртта и да ја зачува вредноста на постоењето.
Reviews
There are no reviews yet.