АТАЛА ; РЕНЕ
Author:
Франсоа-Рене де Шатобријан
Publisher:
КСЦ/Полица |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
/ |
Num. of pages:
181 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
/Романот Атала раскажува за една религиозна и романтична страст која за рамка ги има егзотичните пејзажи на Америка, од Луизијана до Канада. Релацијата на љубовта меѓу двајца дивјаци во пустината (Атала и Шактас) не само што ја афирмира теоријата на авторот за убавината на христијанството и на поезијата на религијата туку ја открива и љубовта на Шатобријан кон природата, која евоцира чувства толку ценети од романтичарите. Оваа книга е компонирана од делови што можеме да ги наречеме големи поеми во лирска проза, кои го поврзуваат расказот што ја носи основната оркестрација.
Рене од истоимениот краток роман, како што велат неговите биографи, е самиот Шатобријан. Негов духовен автопортрет. Секој што ќе ја прочита неговата биографија, веднаш ќе открие некои карактеристики меѓу јунакот Рене, кој во стари години, на брегот од Мешасебе, во џунглата, им ја раскажува својата драматична и мошне трогателна животна приказна на слепиот и веќе многу остарен Шактас, јунакот од претходниот роман и на свештеникот Суел, мисионерот на тврдината Розали, француска колонија среде индијанското племе Начези. По ловот на дабри, кога слепиот Сашем (односно Шактас) им ги раскажа на Рене своите љубовни авантури со убавата Атала, гровнатиот Французин не сакал да зборува за своите. Меѓутоа Шактас и мисионерот многу сакале да дознаат каква несреќа го принудила еден Европеец од благороднички сој да се закопа во пустите пространства на Луизијана. Тој им одговорал дека причината поради која се одлучил да премине во Америка сака да ја скрие во вечен заборав.
Reviews
There are no reviews yet.