Аутопсија на љубовта
Автор:
Моџо Килингтон
Издавач:
Арс Либрис |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Аутопсија на љубовта |
Бр. на страни:
132 |
Димензии:
20
|
Корица:
тврда
Аутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд... Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо. Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот. На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.