Бајки
Автор:
Гордана Олуиќ
Издавач:
Детска радост |
Јазик:
Македонски |
Година:
0
Оригинален наслов:
CONTES |
Бр. на страни:
0 |
Димензии:
0x0
|
Корица:
/
Бајките на Ханс Кристијан Андерсен се четиво што откако ќе го прочитате, во себе го носите во текот на целиот живот. Оттаму се јавува потребата за ново и ново препрочитување на овие текстови, кои се едноставни по својата форма, а повеќеслојни со пораките што ги носат во себе.
Честопати базирани врз фолклорни мотиви, бајките на Андерсен го носат неговиот личен авторски печат. Тоа што недостигало во неговиот живот го преточил во приказни што ја содржат хармонијата на светот. Бидејќи потекнувал од сиромашно семејство, тешкиот живот многу рано му ги открива контрастите добро-лошо, убаво-грдо, богато-сиромашно, реално-фантастично. Овие контрасти, одејќи од една крајност во друга, се присутни и во неговите бајки.
Разбирливи и лесни за читање, бајките на Андерсен се омилено четиво и на децата и на возрасните. Приказните „Девојчето со кибрити“, „Грдото пајче“, „Дивите лебеди“, „Принцезата на зрно грашок“, „Новата царева облека“ или „Снежната кралица“ одамна ја надминаа славата на својот автор и се дел од универзалните книжевни вредности на човековата цивилизација.
Покрај книжевното богатство, Ханс Кристијан Андерсен на луѓето од сите континенти и цивилизации им оставил и еден аманет, кој гласи: „Не е доволно само да се живее... Мора да имаме сонце, слобода и малку цвеќе“.
1 оценка за Бајки
Questions and Answers
You are not logged in
Ilina Markova (верификуван корисник) –
Преводот е лош. Најдете си ги во постаро издание со друг превод. Кој го менува насловот „Царевото ново руво“ во „Новата царева облека“?!?!? Плус, секоја втора реченица почнува со а, или ама. А, ама, нечитливо е.