Белешки од далечниот север
Автор:
Константин Дораковски
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Белешки од далечниот север |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
Романот „Белешки од далечниот север“ прво нè води во историската далечина – времето на градбата на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, која е материјално и духовно наследство, и судбината на круната од преспанскиот цар. Понатаму читателот се вплеткува во критичките опсервации од белешките на Кон-Ти, кој последните години од животот ги минува во далечниот канадски север. Неговите сеќавања за актуелните состојби во поранешна СФРЈ и независната Република Македонија. Приказната се заокружува со Кокан, дипломат на служба во Канада, кој ги добива белешките на Кон-Ти. Заедно со пронајдениот ракопис посветен на градбата на црквата во Курбиново, планира да ги публикува и да ја открие енигмата за наследството на царската круна и иднината на современиот етнички и државен македонски идентитет.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.