Бели знамиња
Автор:
Нодар Думбадзе
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
БЕЛИ ЗНАМИЊА |
Бр. на страни:
211 |
Димензии:
129x198 mm
|
Корица:
тврда
Нодар Думбадзе (1928-1984) е еден од најважните автори во неверојатно богатата грузиска литература, и еден од најпознатите и најчитани писатели во поранешната советска книжевност. Уште пред да наполни 40 години неговите дела беа преведени на многу јазици и се стекнаа со голема популарност и надвор границите на тогашната држава.
Од неговите меланхолично оптимистички дела, блеска едноставноста на лирската проза и специфичниот народски хумор, којшто, заедно со изразито хуманистичкиот однос кон човекот, се главни одлики на неговата литература.
Краткиот роман “Бели знамиња“ (1973) е приказна за десетмина луѓе коишто во ќелијата на истражниот затвор ја очекуваат пресудата, односно решението на својата судбина и понатамошниот живот. Приказна истовремено проникната и со здрава смеа и со сериозна човечка болка, во којашто трагедијата и комедијата се испреплетени низ животите на овие сосема различни луѓе, со различен животен пат, различни навики, индивидуалности па дури и различен речник, но со ист привремен живот во истите затворски ѕидови.
Questions and Answers
You are not logged in